Уметникот Rich McCor има необичен начин да ги презентира историските знаменитости.
Тој живее во Лондон, а обележјата на градот за него се секојдневие. Глумејќи турист во својот град, тој смислил интересен начин да ги претстави на светот. Тоа го прави со повеќе интересни локации низ Европа, нудејќи една поинаква, креативна перспектива на историски локации кои ги фотографираат илјадници туристи.