Категории

Хеланките се враќаат во мода на голема врата: Почитувајте само едно правило и никогаш нема да изгледате ефтино во нив!

Исклучително се практични и лесно се вклопуваат во разни комбинации на облека, но можат да бидат и многу ризично модно парче

Тие се доволно тесни за да ги истакнат нозете убаво, а притоа не стегаат, тие се многу удобни и можат да се комбинираат со скоро секое друго парче. Ова е причината зошто толку многу ги сакаме хеланките!

Сепак, иако се исклучително практични и лесно се вклопуваат во разни комбинации на облека, хеланките можат да ви го уништат целиот стајлинг ако прекршите едно правило.

Поточно, хеланките мора да се носат исклучиво со подолги блузи, туники, па дури и фустани, а во никој случај како да носите панталони.

Значи, со хеланките заборавете да ја истакнете половината така што ќе ја ставите кошулата во хеланките и слични „модни трикови“.

Носете ги во спортски или опуштени комбинации или во поелегантна варијанта, како Викторија Бекам.

Во продолжение, погледнете неколку феноменални начини како оваа есен и зима да носите хеланки.

Не заборавајте – оваа сезона, најмногу се носат црни, карирани и хеланки со животински дезен!

Прегледи:
392
Објавено на:
03.12.2019