Категории

Хороскопските знаци и лутината на секој од нив

Луѓето се наоѓаат во секакви ситуации, добри и лоши, а ние треба од секоја од нив да го извадиме најдоброто од нас. Но често се случува да покажеме лутина затоа што сме дошле до момент кога го губиме трпението.  Треба да научиме како да владееме со неа затоа што секој хороскопски знак на различен начин го изразува својот гнев.

Овен

Како еден од трите огнени знаци, Овенот дефинтивно може да ве изгори ако не знаете како да се согласите со него. Има краток фитил и брзо збеснува, во зависност од ситуацијата. Тие имаат страст кон животот и лесно се фрустрираат ако нешто им застане на патот.

Бик

Бикот не се лути многу лесно, па затоа внимавајте да не го изнервирате. Ако го повредите станува пасивно агресивен. Се лути ако некој лаже, изневерува или се обидува на некој начин да го издаде. Тврдоглави се и независни па сакаат да одат по она што ним им е замислено. Не зборуваат многу што значи дека кога ќе се налутат ќе имаат многу за кажување. Подгответе се добро.

Близнаци

Близнаците се способни да направат се да се врти во вашата глава, ако не знаете да се согласите со нив или не знаете што да очекувате. Тие знаат да кажат едно, а да направат нешто сосема друго. Некогаш е многу тешко да ги разберете или да ги следите. Сепак, ако нешто ги налути тие одма би ви го соопштиле тоа затоа што не сакаат многу да ги држат работите под своја кожа. Не ги сакаат многу луѓето кои се обидуваат да ги контролираат или им кажуваат што да прават.

Рак

Ракот по природа е нежен и сочувствителен. Ако го налутите, не очекувајте дека ќе ви го каже тоа. Ако немате доволно силна интуиција да ја почувствувате неговата лутина, тогаш справувањето со Ракот нема воопшто да биде лесно. Тој е лесно ранлив и затоа ако навистина се грижите за луѓето родени во овој знак одете по нив, затоа што тие самите нема да го направат првиот чекор ако претходно сте им нанеле неправда.

Лав

Лавовите не си играат со останатите, ако ги налутите веднаш ќе ве известат. Имаат темперамент на дете и затоа не очекувајте да размислуваат на зрел начин. Тие може да направат различни сцени со кои ќе се обидат да го привлечат вашето внимание. Но сепак, нивната лутина не трае долго.

Девица

Девиците се најтрпеливиот знак и имаат најмало количество на гнев од сите хороскопски знаци. Потребно им е многу време да ги покажат своите чувства. Ако многу лошо ги повредите знаете дека сте изгубиле добар пријател, затоа што не простуваат лесно.

Вага

Вагите кои се познати по својата мирољубивост тежнеат кон тоа да ја избегнат лутината по секоја цена. Тие сакаат да одржуваат рамнотежа во нивните животи, а гневот не се вклопува во нивните замисли. Веруваат во правда и веројатно ќе ви дадат шанса ако се обидете да ги повредите или налутите. Вагите се многу чувствителни, но не сакаат другите да го знаат тоа. Не очекувајте дека ќе го направат првиот чекор ако ги налутите.

Шкорпија

Кај овој хороскопски знак не би можеле лесно да ја забележите лутината затоа што нивната самопочит не дозволува да го покажат тоа.  Но движењето на нивните тела лесно ќе го покаже тоа.  Ако се налутат, дајте им простор затоа што не сакаат да бидат притискани.

Стрелец

Стрелците не толерираат нелојалност или предавство. Силно избувнуваат и сигурно ќе сакате да побегнете ако успеете да ги налутите. Тој станува саркастичен и тоа е еден до знаците дека е лут. Повеќето Стрелци се срамат од својт жесток темперамент и се обидуваат да држат во себе колку што е можно повеќе.

Јарец 

Јарците не се лутат многу. Тие повеќе уживаат во тоа да останат смирени отколку да ја трошат својата енергија на лутење. Не простуваат лесно затоа што си поставуваат високи стандарди за другите па доколку не ги оправдате нивните очекувања се разочаруваат.

Водолија

Љубители се на добра дебата и мисловно – провокативни разговори, но не можат да се носат со аргументите. Ако ги налутите не очекувајте дека ќе се врткаат наоколу. Подобро би отишле во природа или на долго возење отколку да се занимаваат со своите емоции. Не сакаат да ги покажуваат своите емоции, а доколку врската со вас не им значи многу, никогаш нема да се обидат да ја поправат.

Риби

Рибите имаат длабоки емоции, па понекогаш можно е да се налутат и кога нема некоја посебна причина. Сепак не сакаат да се караат и тој момент ќе го избегнат по секоја цена. Се повлекуваат настрана за сами да го извлечат од себе она што го чувствуваат. Ако премногу им значите, секако дека ќе дојдат до вас и ќе разговараат за она што е потребно.

Прегледи:
715
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
03.07.2018