Категории

Хронобиологија: Што треба да јадеме и кога треба да јадеме?

Несоодветната исхрана и прескокнување на главните оброци се главните виновници за вишокот килограми и нарушеното здравје. Хронобиологија се занимава со функционирањето на човечкиот организам во различни делови на денот.

Дури и 70% од дневните потреби треба да се консумираат за појадок. Појадокот треба да заврши до 11 часот, за да се почитува биолошкиот ритам на телото. Слободно можете да ја наполните чинијата со јајца, шунка и џем, а можете да ги додадете сите видови на јагленохидрати. На телото му е потребна енергија за да го започне денот. Телото најлесно ги топи масните наслаги во утринските часови, а ако го прескокнете појадокот, телото ова ќе го протолкува како предупредувачки сигнал, така што ќе го задржи маснотиите поради гладот, наместо да ги топи.

Ручајте во 14 часот. Ручекот треба да содржи храна богата со протеини, како месо, млеко и млечни производи, и се разбира, многу зеленчук!

Вечерајте пред 20 часот, пред се протеини (риба) и зеленчук, никогаш не ги комбинирајте јаглехидратите и протеините. Комбинацијата на овие два вида на храна (на пример, компир и месо) го оптеретува стомакот. Храната која ја јадеме во текот на ноќта се претвора во масти.

Пет совети:

1. Појадок треба да биде најдоцна до 11 часот
2. Идеално време за ручек е од 13 до 15 часот
3. Ужинајте во 16 часот, овошје или нешто благо, доколку знаете да се контролирате
4. Не вечерајте после 20 часот
5. Можете слободно да јадете зеленчук цел ден, но не јадете овошје после 18 часот