Категории

Хуманитарец, феминист и амбасадор на ОН, каква приказна има да ни раскаже вереницата на Принцот Хари, Меган Маркл? (ВИДЕО)

Актерка и ТВ лице, таа сега има друга улога – вереница на Принцот Хари, но што уште може да се додаде во нејзиниот опис?

Таа е хуманитарец, феминистка, борец за родова еднаквост и воедно и амбасадор на Обединетите Нации за политичко учество и лидерство. Приказната за нејзината свесност за родовата нееднаквост започнува на 11 години, кога таа слуша реклама за улогата на жената во домот, па решава да направи нешто за тоа. Нејзините активности вродиле со плод, а таа станува свесна и продолжуа и понатаму во животот да се залага за правата на останатите.

Светот ја знае по нејзината улога во популарната Suits, а таа после седум сезони и 100 епизоди решава дека е време да ја напушти истата. Воедно и нејзиниот веб сај го доживува својот крај, со што таа очигледно планира да биде помалку во окото на јавноста и да се посвети на нејзиниот брак и новата улога која ја чека.

Со Принцот Хари започнале да се гледаат во април 2016 година, а после поминати шест месеци во комплетна изолација на нивната врска од јавноста, тие започнаа да се појавуваат заедно. Деновиве целиот свет зборува за веридбата, а тие седнаа со BBC на првото заедничко интервју по повод веридбата и ја раскажаа нивната приказна.