Категории

ИКЕА со нова преслатка колекција на мебел, специјално направена за домашните миленици

На задоволство на сите оние кои имаат домашен миленик, ИКЕА создаде специјална колекција на мебел. 

Имено, секогаш биле познати по нивната наклонетост кон домашните миленици, создавајќи прилаголиви решенија, но сега за прв пат излегуваат со колекцијата  LURVIG  “made for our four-legged family members” или „направена за четвороножен член во семејството.

Колекцијата вклучува кревети за кучиња, куќички за мачки, чинија за споро хранење, ќебенца, играчки и уште многу други неодоливи елементи.

Стилски и достапни за сечиј џеб, тие ја имаат истата чиста линија и модерен дизајн по кој е позната ИКЕА, а оваа колекција лесно се вклопува во домот. За мачките има мали куќарки, во кои можат да се скријат, а за кучињата големи комфорни кревети, што ги задоволува потребите кои реално ги имаат животните.

Имено, интересен факт е што во изработката на оваа колекција биле консултирани и ветеринари, со цел да се осигураат дека секое парче е совршено безбедно за животните.

Што се содржи оваа колекција, можете да видите од фотографиите, а доколку и вие имате четвороножен член во семејството, веруваме дека ќе посакате некое парче мебел.