Категории

Илустрирани смешни факти за животни

До сега имаме пишувано интересни факти за повеќе животни. Како „хронични“ љубители на животните, имаме пишувано за кучиња, морски прасиња, хрчаци… А, сега ви прикажуваме и илустрирани повеќе факти за најразлични животни!

Brian Ahearn e илустратор кој обожава животни и обожава да истражува факти за нив кои потоа ги црта. На почеток почнал да ги црта за да издаде книга за својот 4-годишен син, но потоа му станало хоби од кое не можел да се откаже. Тој го внесува фактот на почетокот, и потоа прави цел стрип поврзан со него.

Погледнете ги овие пресмешни илустрации!

Факт: Алигаторите поминуваат низ околу 3000 заби во нивниот живот.
Стрип:
Алигаторот:Почнав да ги собирам во март. Оваа недела ги сортирам по големина, нијанса и според тоа што сум јадел во тоа време.
Фламингото: Кул… Другарче, како се сносиш со стресот од карантинот? Дали си..
Алигаторот: НЕ СУМ ДОБРО.

Stress

Факт: Жирафите раѓаат бебе стоејќи, така што откако ќе го родат, тоа паѓа 1.5 метри до земјата.
Стрип:
Психологот: Раскажи ми за чудната врска со мајка ти.
Жирафата: Се’ започна на рана возраст…
Mom Issues

Факт: Делфините се слушаат едни со други под вода на далечина до дури 25 километри.
Стрип:
Делфин 1: Том, ќе гледаме ли филм утре вечер?
Делфин 2 (Том): Да, но да не го викаме Џејсон. Минатиот пат зборуваше низ целиот филм.
Делфин 3 (Џејсон): Оди по ѓаволите Том!

Tom

Факт: Вампирските лилјаци се единствени цицачи што се хранат само со крв.
Стрип: Едниот лилјак не може да одлучи што да јаде од менито на кое што има само крв, и конобарот го брка.
Decisions, Decisions

Факт: Во Стара Англија, се верувало дека ако ѝ подарите на невестата црна мачка, тоа носело убава среќа.
Стрип:
-Честитки!
-Благодарам! Ќе си го крстам Панини преса, бидејќи тоа сакав всушност за поклон.

Best Wishes

 

Прегледи:
1166
Категории:
Хумор
Објавено на:
28.09.2020