Категории

Инспиративни цитати коишто ќе Ви помогнат да се движите напред во животот

Низ нашиот живот често среќаваме луѓе коишто се полни со негативна енергија. Сакале или не, истата енергија се пренесува и низ нашето тело колку и да се трудиме тоа да го спречиме.

Тие луѓе можат да бидат кој било, а може да биде дури и член од нашето семејство.

За да не запаѓате во депресија и да не ја преземате сета вина врз Вас, прочитајте го следново:

  • „Некои луѓе можат да Ви недостигаат секој ден, а Вие пак да бидете благодарни што тие веќе не се дел од Вашиот живот“.
  • „Доколку направите сѐ она што го очекуваат негативците од Вас, никогаш нема да се промените на подобро“.
  • „Не дозволувајте им на негативните луѓе да изнајмуваат простор во Вашата глава. Зголемете ја киријата и избркајте ги“.
  • „Токсичните семејни врски ги уништуваат сите други врски освен ако не го отстраните отровот пред да биде предоцна“.
Прегледи:
419
Објавено на:
18.01.2023