Категории

Инспирирачки цитати од сликарката Фрида Кало за животот, надежта и љубовта

Благодарение на својот извонреден талент, стил и техника Фрида Кало (6 Јули, 1907 – 13 Јули, 1954) и ден денес е инспирација за многумина уметници. За Фрида се вели дека била многу далеку пред нејзиното време. Покрај уметничките дела, таа е позната по својот необичен живот, болката, страдањето и големата љубов со уметникот Диего Ривера. Ова се најпознатите цитати на Фрида Кало.

1. „Стапало, зошто ми требаш кога имам крилја да летам?“

2. „Мислам дека чекор по чекор ќе бидам способна да ги решам своите проблеми и да преживеам“

3. „Најважното нешто во Гринголандиа е да сте амбициозни и да станете некој и нешто. Искрено, јас немам ни најмала амбиција да станам некој и нешто.

4. „Болката, задоволството и смртта не се ништо повеќе од процес на постоењето. Револуционерната битка во овој процес е вратата која води кон интелигенцијата.“

5. „Се надевам дека крајот е среќен. Се надевам дека никогаш нема да се вратам.“

6. „Тука постојат толку многу проклети „интелектуалци“ што веќе станува неподносливо… Попрво би седела на земја на пазар и би продавала тортиљи отколку да имам нешто со овие „уметнички“ кучки од Париз.“

7. „ Јас не сум болна. Јас сум скршена. Но, среќна сум што сум жива се додека можам да сликам.“

8. “Јас сум си муза самата на себе, јас сум субјектот кој го знам најдобро. Субјектот кој сакам да го знам најдобро.“

9. „Пиев затоа што сакав да ја удавам тагата, но сега проклетите проблеми научија да пливаат.“

10. „Искрено, не знам дали моите слики се надреалистички или не, но знам дека тие се моето најискрено изразување.“

11. “Ништо не е апсолутно. Се се менува, се се движи, се се врти, се одлетува и си оди.“

Прегледи:
1423
Објавено на:
26.12.2019