Категории

Инсталирајте ги овие апликации за намалување на стресот, подобар сон и мотивација

Секојдневниот живот е преполн со стресни ситуации и луѓето често немаат доволно време за опуштање. Овие апликации се создадени за да им овозможат на луѓето опуштање и мир во секојдневниот хаос и брзо темпо на живеење.

Во денешно време, на интернет можеме да пронајдеме апликации кои помагаат во сите секојдневни активности, почнувајќи од пазарењето, забава, патувања, па се до подобрување на здравјето.

Дури постојат и такви апликации за кои се тврди дека помагаат во зачувувањето на менталното здравје, меѓу останатото во редуцирање на стресот, анксиозноста и депресијата, чии автори тврдат дека се одлични за подобрување на општата психичка состојба.

Дополнителна поддршка

Основата во лечењето на проблемите како што се стрес, анксиозност и секојдневната депресија, пред се се наоѓа во редовното вежбање и здравата исхрана, како и одвојувањето на време за одмор и дистанцирање од проблемите, за да се обнови енергијата. Притоа од големо значење е и поддршката од пријателите и партнерот и активности кои го подигаат нивото на ендорфин, хормонот одговорен за среќа.

Апликациите притоа можат да бидат дополнителна поддршка, благодарение на тоа што многу од нив содржат корисни алатки за помош, меѓу кои се медитација, хипноза, когнитивна бихевиорална терапија, како и мрежа на поддршка во која се вклучени лиценцирани психотерапевти.

Ова се најдобрите апликации за ментално здравје:

Смирете се со помош на „Calm“

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Оваа апликација е брендирана како најдобра апликација на Apple во 2017 година. Помага при намалување на анксиозноста и го подобрува сонот. Нуди медитација во траење од 3 до 25 минути, која помага да се ослободи стресот, музика и звукови од природата за опуштање и постигнување на подобар сон.

Медитирајте со помош на „Headspace“ 

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Помага при секојдневното изведување на медитација и го подобрува резултатот од истата. Корисна е ако има потреба од изградување на здрави односи, пронаоѓање на мирно место за себе, да научите да ги контролирате своите реакциина стрес или намалување на влијанието на стресот во организмот.

Дневник за расположение „Moodnotes“

ИОС: 3,99 долари

„Moodnotes“ е своевиден дневник на расположението. Може да се користи за обележување на чувствата и подобрување на образецот на размислување. Помага да ги препознаете замките во размислувањето и да го промените начинот на согледување на одредена ситуација.

 Поддршка или „Moodpath“

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Цел на оваа апликација е давање поддршка во тешки периоди од животот. Апликацијата поставува прашања и врз основа на одговорите ја проценува вашата состојба. По 14 денови генерира документ на кој ја пишува вашата состојба во текот на тој период, а врз основа на овој извештај можете да рзговарате и со својот доктор.

„Pacifica“ создава мир

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Корисна е за луѓето кои се борат со стресот и анксиозноста. Нуди алатки кои се занимаваат со секојдневните проблеми и стрес – помага при запирање на циклусот несакани мисли, чувства и однесување преку когнитивно бихевиорална терапија, следење на расположение, пратење на расположението и техника на опуштање.

„Superbetter“

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Ова е игра која се фокусира на зголемување на способноста да останеме силни, оптимистични и мотивирани додека се соочуваме со препреките во животот.

Поддршка  „7 Cups“

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Нуди онлајн терапија и емоционална поддршка при анксиозност и депресија. Има повеќе од 160.000 лиценцирани терапевти кои се на располагање за анонимни разговори 24 часа во денот, а ги избирате според нивната специјалност.

Ослободување од анксиозноста преку хипноза – „Anxiety Relief Hypnosis“ 

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Авторите тврдат дека помага при опуштање и ја намалува анксиозноста по 21 ден користење. Апликацијата користи хипноза за намалување на анксиозните мисли, ресетирање на размислувањето и за подобар одговор на организмот при стрес.

Среќни со помош на „Happify“

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Тоа е апликација за совладување на негативните мисли и стрес и градење на отпорност на секојдневните стресни ситуации. Дури 86% од корисниците по два месеци изјавиле дека се чувствуваат многу подобро.

Соба за разговор – „Talkspace“ 

Андроид: бесплатно, ИОС: бесплатно

Корисникот се учленува и добива пристап до сигурна чат соба, во која разговара со приватен советник. Достапни се повеќе од илјада лиценцирани терапевти за анксиозност, фобии, депресија, семејно насилство.