Категории

Инстанбул – Бисерот на Босфорот кој остава без зборови

Истанбул е еден од најголемите туристички дестинации и предизвик за голем број на туристи. Градот на Босфорот е мост меѓу стариот контитент Европа и егзотичната Азија, место каде што на еден простор се среќаваме со симбиозата на европската и ориенталната култура.

Денес, Истанбул се смета за втор град по голема во Европа со речиси 13 милиони жители.

Едно од најпосакуваните места за посета од каде што може да се види и европксиот и азискиот дел на Истанбул е Чамлиџа. Оттука најубаво може да се добие претстава за колкав град се работи, како и за убавината на спојот на истокот и западот со мостот на Босфор.

Една од најпознатите туристички дестинации е и Аја Софија, која по османлинското освојување, од познатата Христијанска црква е претворена во џамија. Денес е музеј, со преубав ентериер и голема купола на врвот.

Во непросредна близина се наоѓа Султанхметовата џамија или уште позната и како Сина Џамија, поради сината боја која доминара во нејзината внатрешност, како и на мозаиците и орнаментите.

Палатата Топикали е уште една дестинација омилена за посетување на туристите. Таа претставува резиденција на турските офицери се до 19 век. Денес Топикали е музеј во кој се наоѓаат највредните предмети собрани во текот на долгата и бурна историја на Отоманската империја.

Палатата Долма Бахче е палатата во која таткото на современа Турција, Кемал Атартук ги поминал последните години од својот живот. Палата е изградена во Европски стил и изобилува со раскош и убавина, со која секојдневно го привлекува вниманието на многу туристи.

Во близина се наоѓа познатата кула Галата, која служела за надгледување на Босфорскиот теснец и за безбедност. Во централниот дел на градот се наоѓа дел Таксим, кој е познат по бројните дуќани и трговски куќи, но и со прекрасниот избор на цвеќе.

Секако, не смеете да го пропуштите и мостот „Кемал Атартук“, најкусиот пат од Европа до Азија, по кој дневно поминуваат стотици илјади возила. Мостот исто така се нарекува и Босфорски мост, по називот на познатиот син проток.

Една посета на овој град нема да ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете се за овој бисер на Босфорот.

Спојот од историјата и културата, симбиозата од ориенталното и модерното, ќе го направат Истанбул идеалното место за да ја поминете Новата година.  Fly Turizam ќе ви овозможи незаборавен дочек по супер цена.

Истражете го градот кој во ниту еден момент не е здодевен и од вашето новогодишно патување ќе направи вистинска авантура.

 

Прегледи:
1878
Објавено на:
24.11.2017