Категории

#ИнстаСреќа: Стефанија сака да фотографира спонтано доловена емоција и магија која не може да се долови со перфектно наместен кадар

Повеќето инстаграм профили се дневник на личностите кои стојат зад нив, сите се спој од моментите кои ни носат #среќа, кои не воодушевуваат и не маѓепсуваат до таа мера за да ги сликнеме, обработиме и да раскажеме како ние гледаме на нив.

Секој предмет, секој објект, секој лист во природата има своја приказна, а нараторите ја раскажуваат приказната што ја носат во себе, па често ќе видиме прекрасни фотографии на инстаграм. Но, ако не скролате многу брзо и застанете внимателно да ги погледнете ќе видите приказна во секоја една од нив.

Во оваа прилика ја раскажуваме приказната на @svidovski, уште еден профил на кој задолжително треба да се стисне follow, а воедно ве потсетуваме да ја следите среќата.

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Стефанија има свои Mementos from everyday life, како што и стои во описот на профилот, портрети, места, моменти, природа. Збир од спомени кои таа ги реди на својот профил, создавајќи една убава приказна која зрачи со топлина и уникатност.

 

Која е Стефанија?

„Стефанија е вечен ентузијаст и трагач по една поинаква, розева, Утописка верзија од светов во кој живееме, crazy cat lover, зависник од естетика и потребата да ја зачувам сета таа непресушна убавина во секојдневиево што не секој ја забележува. А кога сме тука, топло би препорачала на секој да почне.“

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Create your own fantasy world outside the norms. It’s the only way to survive this bittersweet world.”

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Mementos од секојдневието, но што најмногу сакаш да фотографираш?

„Дефинитивно mementos од секојдневието, бидејќи таа секунда, минута, дел од моментот се случува тогаш и никогаш повеќе.“

 

December evenings ☄

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

„Таа спонтано доловена емоција и магија нема да се долови со ниту еден перфектно наместен кадар.“

 

„Добрата фотографија… е секоја фотографија која што ќе успее да пробуди нешто кај мене. Звучи клише, but it’s simple. Без разлика дали е фотографирана со мобилен или фотоапарт, успешна фотографија е секој оној замрзнат фрагмент од времето што ќе предзивика некакво чувство во тој што ја набљудува.“

 

Refreshments ?

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Ја инспирираат емоциите, „Во зависност од тоа каков ми е моменталниот mood и state of mind, тоа и ќе го прикажам  на фотографијата.“

 

??

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Која сезона ти е омилена за сликање?

„Есен засекогаш. Есента ми е врежана во срце како омилена сезона In general, а потоа и како омилена сезона за фотографирање. Покрај тоа изобилието од топлина каде и да се свртиш, тие живописни бои и сите потенијални кадри, есента ми дава некој спокој. Како некое затишје пред лутата зима. Како lullaby пред зимскиот сон.“

 

Ја прашавме со што најчесто фотографира, а вели дека фотоапаратот Canon е дел од секоја нејзина авантура.

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

„Фотоапаратот  е и ќе биде со мене во секоја авантура низ земјава/светов. Колку и да се трудам да се воздржам и да уживам во моментот единствено за мене, скоро секогаш завршувам како сведок позади објективот, I just can’t help it. J  Секако, тука е и мобилниот, кој умее да ги овековечи дел од моментите кога не ми е при рака Canon-от.“

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

„Во однос на постпродукција на фотографијата, за мене едитирање како процес е она што ќе ги истакне и ќе ги направи повпечатливи веќе зачуваните елементи од еден блиц момент.“

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

„Преферирам да ја зачувам автентичноста на оној кадар што сум го забележала, она што мe натерало да застанам и да украдам дел од моментот со цел да го пренесам токму тоа што ме фасцинирало во финалниот резултат. Инаку користам Photoshop, и како помошни алатки the must-have мобилните апликациите Snapseed и VSCO.“

 

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Што те прави среќна?

„Луѓето во мојот живот и сите оние мали нешта што дополнително го зачинуваат.Скопје во есен. Бескрајните талкања и истражување природни убавини низ прекраснава ни земја. Чоколадна топка сладолед од Џино. My cat. Снегот во фебруари. Тазе инспирација.“

 

washed in gold?..foreva

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Прегледи:
518
Објавено на:
22.03.2018