Категории

Ирина Шајек изгледа совршено и без грам шминка (ФОТО)

32. годишната Ирина Шајек е една од најубавите и најангажирани манекенки во светот на модата. Овие фотографии се доказ дека и без шминка таа изгледа совршено, па поради тоа и на 32 години е поприсутна на модните писти од многу нејзини помлади колешки.

Русинката поради природата на нејзината работа, меѓу останатото, мора да внимава и на исхраната и редовното вежбање, а често истакнува дека овој начин на живот е заслужен за нејзиниот изглед. И гените, секако.

Ирина само неколку недели по раѓањето на нејзината ќеркичка успеа да ја врати манекенската линија, а љубопитните папараци ја фотографираа во текот на нејзиниот тренинг со приватен тренер и ни открија како познатата убавица ја одржува својата линија.

За потсетување, Ирина со актерот Бредли Купер почна да се забавува во 2015. година, а парот во 2017. година ја доби својата ќерка. Иако се верени веќе некое време, парот не се брза да застане пред олтар, а речиси никогаш не зборуваат за својата врска. Од нивните Инстаграм профили дознаваме за некои од романтичните одмори, каде што Ирина го истакнува своето тело во бикини.

Покрај сите приватни обврски кои ги има, манекенката која работи со полна пареа е и редовен гостин на теретаната преку целата година.