Категории

Испробајте ја маската за лице која Џиџи Хадид ја користи во карантин

Моделот Џиџи Хадид сподели дека обожава да ја прави оваа домашна маска додека е во карантин

25-годишниот модел обожава природна козметика и домашни маски и вели дека тоа е тајната на нејзината беспрекорна блескава кожа. За да ја направите оваа маска не ви се потребни многу состојки, а нејзините резултати се чудотворни. Таа одлично ја чисти кожата од токсините, го зајакнува тонусот и дава на кожата природен сјај.

Потребно ви е:
-1 шолја зелен чај
-2 шолји брашно од ориз
-Половина лажица мед

Измешајте ги сите состојки, нанесете ја смесата на чисто лице со нежно масирање и оставете да одстои 20 минути. Исплакнете го лицето со топла вода.

Оваа маска може да се користи доста често, не постојат непосакувани ефекти. Џиџи исто така открива дека ја следи источната пракса за нега на кожата и обожава природни маски кои може да ги направи во својот дом и даваат природна блескавост, хидратација и свежина на кожата.

Прегледи:
470
Објавено на:
07.04.2020