Категории

Историјата на популарните божиќни џемпери

Првите божиќни џемпери се појавиле на Запад пред повеќе од половина век, и станале толку популарни што се вкорениле и во другите земји и станале составен атрибут на празниците.

Еве како овој џемпер стекна популарност, излезе од мода, и повторно се врати и сеуште е едно од најпопуларните парчиња облека во празничната сезона.

Масовната популарност на божиќниот џемпер започнала во 1980-тте кога успешната комедија The Cosby Show почнала да се појавува на екраните. Бил Козби почнал да се појавува облечен во божиќни џемпери. Во оваа доба ова парче почнало да се користи активно во поп културата и постепено станал неизбежен атрибут за време на празничните прослави кај западњаците.

Во ’90-тите, ова парче често се појавува во филмовите. Идеата за „совршениот американски Божиќ“ е опишана во комедијата Божиќен празник 1989 година. Во неа во центарот е семејството во пресрет на празниците. Сцената на класична зимска забава во џемпери се наоѓа во бројни комедии. Иако во текот на ’80-тите носењето на овој џемпер бил ритуал многумина не го обожавале.

Денес бројни модни куќи во своите празнични колекции вклучуваат вакви модели на џемпери.

Прегледи:
494
Објавено на:
30.12.2019