Категории

Јапонците создадоа роботска рака за „романтична прошетка“ за сите оние кои се сингл

(ВИДЕО) Оваа роботска рака не е вообичаена, таа е создадена да личи на човечката: се поти, има мирис и е топла.

Јапонските научниците успеаа да создадат роботска рака со која можете да одите на романтична прошетка и без да имате некој покрај себе.

Четворица научници од Јапонија си дадоа за задача да развијат роботска рака која максимално ќе личи на човечката. Со таа рака луѓето не би требало да се чувствуваат толку осамено. Со таа рака можете да одите на прошетка и без да има друга личност со вас. Управувањето со механичката рака е подноставно отколку да пронајдете вистинска девојка, објаснуваат научниците.

Оваа рака ја нарекоја Осампо Канјо, што во превод би значело „дојди со мене“. Со цел механичката рака да биде што поуверлива, таа е обложена со мек материјал, во внатрешноста на роботот се наоѓа и парче платно од кое доаѓа женски мирис.
Таа е софистицирана, ако ја притиснете ќе ви возврати со стисок. Меѓутоа не изгледа баш премногу романтично. Со цел да се активираат сите функции ќе морате поврзо да ја прицврстите за сопствената рака. Освен тоа има бројни кабли околу неа.

Таа има и температура иста на човечкото тело па може да стимулира и нервоза така што дланките се потат. За тоа во ракат се наоѓа посебно парче материјал кој е влажен и сместен помеѓу греачките и „кожата“. Течноста излегува преку порите. Со раката можете да управувате со помош на мобилна апликација. Исто така постојат и додатни опции на дишење, чекори и шушкање на облека со цел да ја доживеете како многу пореална.

Прегледи:
603
Објавено на:
10.11.2020