Категории

Каде да се забавувате предновогодишно со вашите пријатели, колеги, соработници?

Вообичаено новогодишните и божиќните празници се време за славње, со семејството, пријателите, колегите. Зближувањето и создавањето позитивна енергија на работното место се исклучителен дел од тимската работа, па затоа многу фирми организираат прослави.

 

Корпоративните забави се одлични за компаниите да заокружат еден период, да направат резиме за успехот, резултатите и професионалната исполнетост од постигнатото во  годината што изминала. Така, корпоративните новогодишни забави со својот концепт, естетика, креативност и смисла ги рефлектираат сите тие аспекти и прашања. Од една страна, тоа може да биде прослава на успехот од минатата година, но и оптимизам за уште поголеми професионални постигнувања во следната година.

Новата година е веќе на прагот, но сепак организациите на новогодишните корпоративни прослави се се уште во тек. Лоциран во центарот на градот и познат како „третиот брод“, кафе Сидро нуди одлична можност за организација дневни и вечерни предновогодишни забави. Понудата изобилува со различни менија на пијалаци и музика прилагодена на вашиот вкус, а секако и специјални цени, ќе ја направат вашата предновогодишната забава незаборавна.

 

Прегледи:
495
Објавено на:
29.11.2017