Категории

Кафеава мечка која била напуштена по раѓањето и ја одгледале луѓе сега стана фотомодел

Оваа кафеава мечка е вистински пријател на луѓето. Таа сака да се гушка а и да позира пред камерите.

Степан е 28-годишна кафеава мечка која е доста позната во Русија од бројни причини.
Кога имала само 3 месеци таа била напуштена од својата мајка, но за среќа била присвоена од двајца луѓе – Светлана и Јуриј Пантеленко кои се големи обожаватели на животни.

Израсната како припитомено милениче оваа кафеава мечка е исклучително пријателски расположена и ги сака луѓето, па поради тоа таа обожава да се фотографира со нив.
Токму како животните од Дизни бајките кои се големи пријатели со луѓето, мечката Степан е исклучително драга и нежна па кога се фотографира со моделите таа ги гушка и ги бакнува.

Ви споделуваме галерија од прекрасни фотографии од кафеавата мечка и модели облечени во традицонална руска облека кои доловуваат вистинска бајковита атмосфера.