Категории

Како да го започнете денот со позитивна енергија – Корисни совети за да заштедите на време

Дали го почнувате утрото нервозни и со подготовки во брзање? Пиете кафе и се обидувате да понесете се што ви треба, во брзање го напуштате домот со цел да стигнете на време и не сте сигурни дали сте ја изгаснале пеглата?

За да ги избегнете таквите ситуации и да ја претворите својата дневна рутина во пријатност со која ќе го започнувате вашиот ден, користете ги овие совети.

Направете план за наредниот ден
Можете да напишете белешки на телефон или хартија за наредниот ден. Во таков случај секогаш точно ќе знаете што треба да направите и ќе можете да ги подредите приоритетите. Создавањето навики на планирање ја зголемува вашата продуктивност и ви помага никогаш да не заборавите ништо а чекирањето на завршените задачи ќе ви пружи пријатно чувство дека денот ви бил успешен.

Поставете го телефонот на тешко достапно место
Ова ќе стане сигурно будење затоа што за да го исклучите алармот нема да морате само да притиснете дугме туку и ќе морате да станете на пример, да го отворите плакарот и да ја достигнете највисоката полица. После тоа тешко деќа ќе посакате да се вратите во кревет.

Поставете го алармот 10 минути порано
На овој начин нема да морате да скокнете од кревет за да започнете со подготвување а додатните минути ќе ви пружат пријатно и смирено будење.

Подгответе ја облеката вечерта
Пронаоѓањето на вистинската облека наутро е фрустрирачко, особено ако не е успешно. Тоа може негативно да влијае врз целиот ден. Затоа подгответе облека која ќе ја носите уште од претходната вечер и изберете неколку опции за различни временски прилики.

Подгответе појадок однапред
За што подобро да ги искористите вашите утрински часови, подгответе ги потребните состојки за вашиот појадок уште вечерта. На пример овесната каша подгответе ја па наутро додека се туширате можете да ја ставите на лесна температура и да го приспособите режимот на тајмерот така што брзо ќе имате спремен и здрав појадок.

Заштедете време на косата
Ако немате доволно време за миење на косата, користете сув шампон, тој ќе ви даде волумен и ќе ја намали маснотијата.

Прегледи:
591
Објавено на:
24.08.2020