Категории

Како да изгледате послабо: Совети од модните стручњаци

Визуелните трикови се многу слични со модниот фотошоп – користете ги овие тајни на стилистите и вашите вишок килограми никој нема да ги забележи

V изразот го издолжува торзото
V изрезот дава илузија на издолжено тело, а со самото тоа и повитко. Што повеќе откривате кожа помеѓу брадата и градите, а притоа во разумни граници, тоа ќе дава впечаток на витка линија. Овој изрез дава рамнотежа на широките колкови.

Штиклите со шпиц врв ги издолжуваат нозете
Високите потпетици прават секоја жена да има неколку килограми помалку, но оние кои имаат шпиц врв се уште подобар избор. Со нивна помош, вашата силуета ќе делува подолго и поелегантно.

Едноставни фармерки
Одберете едноставен крој кој нема премногу детали на него, тој прави да изгледате витко и ги издолжува вашите нозе. Идеален избор се оние со рамни ногавици.

Долгиот блејзер ги прекрива вишокот килограми
Острите рамни линии на блејзери се најдобар избор за вишокот килограми. Сакото со должина под колковите одлично ќе ви стои.

Монохроматски стил за издолжена фигура
Монохроматскиот стајлинг ќе направи да изгледате тенко и високо.

Боја на чевли во тон на вашата кожа
Доколку носите фустан, избирајте салонки во месо боја која е приближна или иста нијанса на вашата кожа, така ќе добиете ефект на издолжена силуета.

Прегледи:
386
Објавено на:
14.10.2019