Категории

Како да ја препознаете органската козметика ?

Никогаш не се разговарало повеќе, од сега, за штетата од состојките кои се наоѓаат во козметичките производи, а исто така и за органската храна.

Сите прозводи кои се огрански, и кои се состојат само со состојки од органско потекло ги користат ознаките БИО, ЕКO или ЕКо БИО. Сепак, многу од производителите не ги почитуваат овие правила. Лесто се случува да ги стават тие назнаки иако ставаат во производите состојки со сомнително потекло.

Органската козметика не треба да содржи восок, силикон, бои и компоненти кои не се биоразградливи, кои биле изложени на радијации, синтетички мирис, ГМО и животински состојки, освен млако, јајца. Билките кои се користат исто така мораат да имаат исклучиво органскко потекло.

Ако сакате органска козметика и воено да бидете сигурни дека тоа што го сакате ќе го добиете морате внимателно да ги читате етикетите на производите и тоа до последнито ред бидејќи состојките кои не треба да бидат внатре, се најчесто на последниот ред.  Тоа што може да ве излаже се имињата на англиски или латински јазик. Латинското име на некои билки воопшто не треба да значи дека е од органско потекло а англискиот јазик главно се користи за синтетички и полусинтетички соединенија кои производот ги содржи.

Поголемиот број на производи содржи конзерванси, бидејќи без нив не може долго да трае производот.

Меѓународната номенклатура за козметички производи соопшти дека како конзерванси во козметичките производи може да се користат следните супстанции, и тоа само до 5%.

  • Бензоева киселина и нејзината сол
  • Dehydroacetic и нејзината сол
  • Салицилна киселина и солта
  • Сорбинска киселина и нејзината сол
  • Пропионска киселина и нејзината сол
  • Бензил алкохол

За да некои производи се наречат огрански, мора да содржат 95% природни состојки со органско потекло, а за да најдат во продажба мора да имаат и сертификат. Она што треба да го знаете за органската козметика е дека тие имаат многу краток рок на траење, бидејќи природниот конзерванс има пократок рок на траење од синтетичкиот.

Прегледи:
630
Објавено на:
03.01.2016