Категории

Како да ја пуштите вашата коса да порасне?

Дознајте како да направите вашата коса да расте побрзо и да изгледа здраво и прекрасно. Промента на фризурата понекогаш умее да биде тешка а долга коса никако на порасне и да изгледа убаво. Еве неколку тактики кои ќе ви помогнат на патот кон неодолива долга коса.

Убавата бујна долга коса е најдобриот адут кој може да го поседува една жена, а за да се постигне тој изглед потребно е доста внимание, нега и посветеност.
Воопшто не е лесно да се пушти долга коса. Морате да знаете дека долгата коса постојано е изложена на пукање и оштетувања па доколку сакате да имате долга и здрава коса морате да знаете дека треба често да посетувате фризер кој ќе го скрати оштетениот дел од косата за таа да не биде безживотна.

Многу е важно да и ја обезбедите потребната нега на вашата коса во процесот на нејзиното растење.
Доколку сакате да имате долга коса неопходно е да користите препарати кои постојано ќе го нахрануваат влакното.
Најефикасни препарати кои ќе ви овозможат вашата коса побрзо да расте се:
Рицинусовото масло, Лимоновиот сок и Кокосовиот путер.

Исто така е особено важно да користите благи шампони, косата да ја сушите по природен пат без користење на фенови, и да ја ограничите употребата на препарати за топлина како пегли и фигара – на минимум. А кога ќе ги користите,обавезно да употребувате спреј за топлина кој ќе ја заштити вашата коса од горење.