Дали некoгаш им завидувате на жените со ракошни, здрави и совршено обликувани локни ? Со помош на овој трик – вие ќе бидете таа на која ќе и завидуваат за косата. Овој трик го прави една девојка, која нагласува дека не употребува никаква топлина ни од фен, ни од преса или фигаро. Се е природно и не се оштетува косата.
За овие неверојатни локни потребно ви е малку восок или пена за коса за локните подобро и подолго останат совршени. Една тенка четка за коса и шноли. Доколку сакате поголеми локни, ќе земате повеќе коса од едно место, доколку сакате поситни локни, ќе земате мали прамени.
- Треба да издвоите еден прамен, па нанесете пена или восок.
- Завиткајте го (слика)
- Замотајте го во мини пунџа.
- Зацврстете го со шнола на темето на главата.
Постапката е иста за цела коса. Така завитканите мали пунџи ги држите барем еден час. Проценете колку време е потребно според типот на вашата коса. На некои девојки и половина час им е доволно. Откако ќе ги извадите шнолите, полека со прсти одмотајте ја косата. Не чешлајте.
Готово !
Погледајте го видеото за подетално објаснување.