Категории

Како да препознаете мозочен удар?

Најголемиот проблем при влошувањето на здравствената состојба е за жал неукоста кај луѓето како да реагираат на истите промени. Пример за тоа е мозочниот удар. Дали би знаеле да го препознаете и како навремено да реагирате на истиот без да настанат големи несреќни последици?

Прочитајте ги следните совети и насоки кои ќе ви помогнат како да препознаете мозочен удар и како да интервенирате навремено.

Image result for stroke man

1. Невообичаена насмевка

Доколку личноста спроти вас доживува мозочен удар, нивната насмевка ќе биде искривена и нецелосна.

2. Искривен јазик

Доколку го исплазат јазикот и истиот е искривено насочен кон едната страна, тогаш таа личност се мачи да ви каже дека доживува мозочен удар.

3. Тешкотии при говорот

Почнете со поставување на едноставни прашања, на пример „Како  се викаш“, „Колку години имаш“, „Од каде си“ и слично. Ако доживуваат мозочен одговор, најверојатно би имале тешкотии да ви одговорат со јасен и концизен одговор.

4.  Неспособност за движење на дел од телото

За да бидете сигурни, дадете им задача да ги рашират рацете. Најверојатно не би можеле да го направат тоа со една од рацете.

Related image

Доколку забележите дека имаат проблем при извршување на било која од овие задачи, веднаш јавете се на брза помош на телефонскиот број 194!

Прегледи:
450
Објавено на:
04.04.2017