Категории

Како да се облечете за на работа кога температурата е +30

Прикладното облекување за на работа во текот на пролетните и летните месеци кога температурата е висока, претставува поголем предизвик.

Сепак, тајната се крие во бирање на едноставни и парчиња изработени од лесни материјали кои ќе ви ја понудат потребната удобност но и ќе кажат нешто за вашиот добар стил.

Затоа денес ви ги претставуваме најдобрите предлози кои можат да ви послужат како инспирацијa:

1. Сандали со отворени прсти со блејзер и фустан

Штом температурата ќе достигне 30 степени, време е салонките да ги замените со сандали. Не плашете се дека ќе изгледате како за на плажа, бидејќи ако со нив искомбинирате едноставен фустан и блејзер со добар крој ќе постигнете фантастичен деловен изглед.

2. Краток фустан со чевли со блок потпетица

Ако сакате да облечете краток фустан за на работа, ја имате нашата поддршка. За да го избегнете вечерниот look, ве советуваме да бирате чевли со блок пета како спротивност на стилето штиклите.

2

3. Маица на бретели и панталони со широки ногавици плус ремен

Нема ништо поудобно од пријатна памучна маица на бретели. Сега можете да ја носите и на работа, ако ја вклопите со нешто поелегантни парчиња и аксесоар. Панталоните со широки ногавици и дебел ремен се совршен избор.

3

1 2

Прегледи:
1005
Објавено на:
13.06.2016