Категории

Како да знаете дали вашата мачка е трудна

Ако вашето маче шетало надвор, а не било само затворено во четири ѕида и покажува чудни промени, тогаш постои можност тоа да е бремено. Но за да бидете сигурни, прочитајте кои се знаците што упатуваат на тоа дека наскоро ве очекува чопор влакнести топчиња низ дома. 

Брадавиците ѝ се отечени и ја смениле бојата во розова. Тоа може да биде првата физичка промена што ќе ја забележите.

Апетитот ѝ е зголемен. Одеднаш ќе биде позаинтересирана за храна. Но не е ни чудо бидејќи не јаде само за себе, туку и за неколку младенчиња.

Можно е повраќање. Таа може неколку пати наутро да се мачи со утринска мачнина, како и мајката-припадничка на човечкиот род. Ова не е чудно, но ако често се повторува тоа, потребна е ветеринарна интервенција.

Зголемувањето на абдоменот е видливо околу петтата недела бидејќи одеднаш ќе почне силно да отекува и да расте се до моментот на окотување.

Може да се случи вашата мачка одеднаш де почне да бара многу повеќе внимание од вас отколку претходно, а вие секако дајте ѝ го тоа.

Како што ќе се ближи времето за донесување на мачињата на свет, така и вашата мачка се повеќе ќе бара мирно катче во кое ќе може да се окоти, па овозможете ѝ самата да се смести на место што ќе го избере и кое очигледно најмногу ѝ одговара.

Прегледи:
2883
Објавено на:
03.04.2016