Категории

Како домашните миленичиња го подобруваат животот во изолација

Домашните миленичиња го подобруваат животот, и тоа е факт. Тие оваа придобивка им ја даваат на луѓето и во нормални услови, а особено кога седиме во изолација, подолго време дома, многу често и сами. Без разлика дали се работи за маче, куче, хрчак или друго животно, сите тие имаат посебна улога во подобрувањето на животот на луѓето.

Миленичињата ни овозможуваат да се чувствуваме помалку осамени. Животот во изолација, некогаш поминат со денови или недели без да се видиме со некого, знае да биде многу осамен. Миленичето ни „прави друштво“, и иако не е активен соговорник :) сепак ни дава чувство дека некој е тука, со нас.

Грижата за миленичето ни дава чувство на некаква цел. Кај оние кои работат од дома, често се јавува некоја анксиозност, како да не прават доволно активности во денот, или дури и како да немаат цел. Грижата за милниче, која се состои од негово хранење, шетање, бањање и друго – ни помага во тоа да осетиме цел и исполнување на таа цел во нашите монотони денови.

Миленичето ни дава обврска да излеземе надвор. Особено ако имаме куче, дури и да нѐ мрзи да се извлечеме од кревет, знаеме дека апсолутно мора да излеземе и да го прошетаме.

Милениците се природна анти-стрес терапија. Постојат многу истражувања кои укажуваат на бројните психотерапевтски вредности од тоа да чуваме милениче.

 

Прегледи:
525
Категории:
Дом и семејство
Објавено на:
11.05.2020