Вистина е дека убавината доаѓа одвнатре, но совршените црти на лицето се желба кај секој од нас. Лицето е првиот впечаток, тоа по што луѓето не паметат, затоа физичката убавина и изгледот на лицето е важен за многумина.
Лице со совршено црти е многу ретко, па не ретко се случува луѓето да посегнат по одредени естетски зафати со цел нивен беспрекорен изглед.
Стремежот за совршена убавина е потикот кој ги тера луѓето да прават естетски корекции, кои опфаќаат од помали естетски третмани до хируршки зафати.
Еден од тотално безболните, но ефикасни естетски третмани е хијалуронскиот филер, кој може да се користи за корекција на усни, пополнување на бразди во лицевата регија како и моделирање на целото лице.
Што се всушност хијалуронските филери? Тоа за луѓето кои сакаат естетски корекции е нешто совршено. Нешто со кое безболно, безопасно, моментално и веднаш очигледно е возможно да се подмладите.
Како делуваат хијалуронските филери?
Хијалуронските филери ги пополнуваат брчките, се елиминираат темни сенки и подочници, враќајки го волуменот, едрината и контурите на лицето, служат за зголемување на усни, корекција на асиметрични усни, нехируршка ринопластика,т.е. корегирање на несовршености на носот итн. И не само да го подмладат лицето, туку можат да ја подмладат и интимната регија, а тој вид интервенција станува се попопуларен во светот и кај нас.
Филерите се вбризгуваат во саканата регија и тука остануваат околу 9-12 месеци со тоа што со секое следно ставање на филерот неговиот ефект трае се подолго.После 2-3 интервенции а филерите остануваат во кожата и по 2-3 години, па потребата од нивно повторување се повеќе се намалува.
Здраво и безболно
Се прашуватекако е возможно внесување на некое страно тело да е безопасно? Да, возможно е. Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашата кожа. Нашиот организам постојано ја создава, иако со текот на годините се помалку и помалку. Синтетичката хијалуронска киселина денес се произведува да е речиси идентична на нашата природна хијалуронска киселина, па затоа оваа интервенција во голема мера е безбедна.
Каде и кој?
Исклучително е важен квалитетот на хујалуронските филери, а кај нас најквалитетното што може да го најдете е Stylage хијалуронските филер. Тој припаѓа на напредната, трета генерација хијалуронските филери,монофазни гелови што содржат хијалуронска киселина од неживотинско потекло, кои во својот состав се вмрежени со антиоксиданс-Манитол, во согласност со уникатната IPN-Like технологија( InterPenetrated Cross-Linked Networks)патентирана од страна на VIVACY.
Благодарение на напредниот инжинеринг на VIVACY LABARATORIES, IPN-Like технологијата резултира со безбеден, долготраен продукт за сите видови на брчки и типови на кожа. Има оптимизирана еластичност за лесно моделирање или промена на формата, дури и за деликатните регии како носот, слепоочниците и дланките. Истовремено има и висока виско-еластичност за добар пополнувачки капацитет и природни, естетски резултати благодарение на неговиот измазнувачки ефект.
Најквалитетниот хијалуронски филер, изведен од врвни експерти?
Сега е тоа можно и кај нас. ДентаЕстетика е креаторот на совршениот изглед, врвните експерти и најквалитетниот филер ќе ги направат промените кај вас што секогаш сте ги посакувале.