Категории

Како работи женската логика?

Вистински приказ за тоа како всушност работи женската логика, сигурни сме дека голем број дами ќе се пронајдат во ова.

„Решив да направам вкусна лесна салата, да го израдувам моето семејство. Пилешка салата. Ми остана малку варено пилешко од вчера, сеедно, повеќе никој нема да го јаде. Според рецептот, во оваа салата спаѓа и ананас од конзерва. искористив парчиња ананас, но сокот остана. Да го испијам? – Не сакам. Да го истурам? – Жал ми е.

Се сетив на еден рецепт за некои колачи, таму баш беше потребен сок од ананас. Направив колачи. Но, за нив беа потребни само жолчките, белките останаа. Да ги фрлам? – Ми е жал.. Но ако ги оставам во фрижидер, на крајот пак ќе ги исфрлам.

Др дртив што можам да направам. Можам да направам пуслици. Лесно, брзо и вкусно. За подготовка користев и рендана кора од лимон. Остана целиот лимон.. Ако го оставам така, брзо ќе се исуши. И што сега да правам со лимонот? Аха, се сетив, ќе направам убав сос за салата.

За сосот искористив и пола главица црн лук. Другата половина стои и гледа во мене.. Што сега со неа? Можам да подготвам вкусен сос за шпагети. Најдов во фрижидерот домашно подготвен кечап. Половина го искористив, а што да правам со остатокот? Ќе ми биде жал ако пропадне…
Толку се мачев минатото лето додека да го направам. Природен, без конзерванси, нема да може да стои долго отворен..

Малку размислував, одлучив да сварам зелка. Но за жал, дома немаше зелена. Брзо се спремив и отидов до продавница. Купив зелена, купив цвекло, компири, павлака, паста за заби, чорапи кои беа на акција, влечки исто така по намалена цена, сапун за секој случај.. На враќање поминав во банка, ги платив сметките, по пат ги земав и чевлите кои ги оставив кај чевларот на поправка, им купив свежи кифли од пекара на децата. Едвај се донесов дома. Ја сварив зелката.

Повеќе не ми е грижа дали нешто остана. Паднав во фотелјата, се ме боли, нозете и рацете, не ги чувствувам од теретот. И си мислам, каква будала сум јас. Подобро да го испиев тој сок од ананас од конзервата.“

Прегледи:
1034
Објавено на:
03.02.2020