Категории

Како сонцето влијае врз нашето тело? – Кои штетни влијанија и придобивки ги има

Кои се влијанијата на сонцето врз нашето тело и организам

Кожа
Црвенило и појава на сончеви изгореници е хемиски одговор на претераното изложување на ултравиолетовите зраци. Изгорениците од сонцето не се како „нормалните“ изгореници.
Кога ќе „изгорите“ на сонце на вашата кожа и се случува хемиска реакција која предизвикува јадеж, црвенило, дехидратација, болки а во одредени потешки случаи и пликови.

Четири до седум дена после изложувањето кожата се смирува и почнува да се лушти. Тоа е природен начин на кој телото се ослободува од мртвите клетки, кои можат да станат канцерогени. Изгорениците можат да предизвикаат оштетување на ќелиите на кожата која не може да се опорави.

Сон
Врелите летни ноќи можат да го претворат добриот сон во речиси невозможен. Тоа  е поради тоа што температурата на телото се спушта за неколку степени кога телото е подготвено за спиење. Како што ладењето на телото во лето е отежнато, организмот потешко заспива.
Топлината во воздухот и лошиот избор на облека за спиење го загрева телото во текот на ноќта и го прекинува сонот што не прави нервни преку денот. најдобриот начин за ладење е да изложите што повеќе кожа во воздухот. Користете памучна постелнина а пред спиење направете си топла купка, но не студена. Таа че ви помогне да се опуштите и полесно да заспиете.

Стапала и раце
Рацете и стапалата се потат и на тој начин создаваат притисок поради кој прстите и облеката ни стануваат неудобни и тесн. На лето е најдобро да го изведите накитот и да носите лелеава и прозрачна облека и отворени обувки од природни материјали.

Коса
Сонцето ја осветлува косата. Освен тоа, таа станува поосетлива, исушена и се појавуваат испукани врвови. Меѓутоа, косата е дел од организмот чии ќелии најбрзо се обновуваат а летната жештина го поттикнува растењето на косата па многу брзо после летото и малку стрижење ќе и го вратите сјајот и цврстината.
Спрејот со заштитен фактор или балзамот кој не се измива исто така помагаат во блокирањето на сончевите зраци и спречуваат оштетување на темето.

Срце
Ограниченото изложување на сонце може да биде добро за здравјето затоа што ја зголемува ефикасноста на срцето. Како што телото се обидува да се излади така продокот на крв се зголемува. Меѓутоа, губењето на течностите може да предизвика висока температура и отежнување на работата на срцето а високите температури го зголемуваат ризикот за срцев инфаркт.

Очи
Интензивното УВ светло може да му наштети на здравите очи па и да предизвика привремено слепило. Константното изложување на УВ зраците може трајно да ви го оштети видот. Поради тоа е важно да носите очила со УВ заштита. Сончевите наочари се делат во 5 категории: од 0-4. Категоријата 4 е соодветна за скијање додека категориите 3 или 2 се доволни за летниот период.

Прегледи:
548
Објавено на:
11.07.2020