Категории

Како трчањето влијае врз вашето здравје?

Трчањето е добра навика за одржување на вашето физичко и ментално здравје.

Што се случува со вашето тело додека трчате?

  • За време на трчање, се забрзува пулсот, се засилува срцевиот мускул, се подобрува циркулацијата на крвта, а тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања.
  • Се согоруваат значителен број на калории, а со тоа можете да ја регулирате вашата тежина.
  • Се засилуваат коските, а тоа може да спречи појава на остеопороза како пто старееме.
  • Се ослободуваат ендорфини, хормони коишто се одговорни за да се чувствуваме убаво.
  • Го подобрува имуниот систем.
  • Го подобрува спиењето.
  • Го намалува стресот, анксиозноста и лошото расположение.