Категории

Канје Вест лансира колекција накит

Популарниот рапер незапирливо го освојува модниот свет – последно на неговиот репертоар како дизајнер се најде колекција накит од неговиот Yeezy бренд.

Три ѓердани од колекцијата беа претставени уште минатото лето кои Ким ги носеше на доделувањето на MTV Video Music наградите, но тогаш сеуште не се знаеше ништо. Се до денес кога официјално беше лансирана колекцијата од 12 парчиња која настана во соработка со  Jacobom Arabom, од Jacob & Co. брендот.

Колекцијата е инспирирана од класичната италијанска уметност, а на привезоците од 18-каратно злато се втиснати портрети од 14 век. Цената на накитот започнува од $1,530, а достигнува висина дури до импресивни $13,000.

Прегледи:
394
Објавено на:
10.04.2017