Категории

КАРАМЕЛ КАДРИЦИ – Заносен тренд кој холивудските дами го обожаваат

Карамел е прекрасна нијанса на коса која е нешто помеѓу беж-руса и златно-смеѓа. Самиот назив означува топлина и шарм па затоа дамите најчесто се одлучуваат за ова фризура.

Таа е една од оние кои одговара на секој облик на лице, тен и очи и има подмладувачки ефект. Холивудските дами веќе со децении и се верни на овој начин на фарбање на косата. Оваа боја потсетува на слатка есен поради богатата палета на златни и кафеави тонови, а токму сега е висинскиот период кога можете да ја испробате и да изгледате како вистинска холивудска дива.

Прегледи:
504
Објавено на:
27.10.2017