Таа од стриптизета стана планетарно популарна музичка sвезда. Таа исто така успеа да стане и првата жена хип-хоп артист во последните дваесет години која се искачи на врвот на топ 100 топ листата на Билборд.
Пред минатата година, таа се соочи со обвинувања дека наводно ги ограбила и дрогирала своите клиенти, како и дека се занимавала со проституција во периодот кога била стриптизета во баровите во Њујорк. Сепак, таа го надмина овој скандал што и се закануваше да и ја уништи кариерата.
View this post on Instagram
И нејзиниот сингл „WAP“ што го издаде со Меган Сталион имаше повеќе од 20 милиони прегледи во рок од 24 часа. Карди Б е една од најпопуларните жени денес, а бидејќи е активна на мрежите, не крие дека страда од истите проблеми како и сите жени ширум светот.
Карди Би го покажа своето тело во костим за капење и рече: Ова е мојата последна недела да јадам се што сакам
Ѕвездата се здебелила за време на карантинот, па призна дека го вовлекува стомакот за фотосесии.
Ја следат над 80 милиони луѓе само на Инстаграм, а со нив сподели видео со кое се гледа трансформацијата на нејзиното тело.
View this post on Instagram
Имено, Карди на почетокот на видеото оди со рамен стомак, каде се гледаат нејзините затегнати стомачни, а потоа на крајот од клипот го опушта стомакот и одеднаш изгледа како да е бремена.
И за време на празниците, пејачката повторно си даде пауза, а сега испрати порака со фотографија во костим за капење:
– Ова е последната недела да јадам се што сакам – напиша таа со емотикон кој плаче.