Категории

Каролина има уште еден повод за радост и среќа: Убавата вест ја сподели јавно со сите! (ФОТО)

Крајот од изминатиот месец септември беше посебен за Каролина Гочева.

Го изговори судбоносното „Да“ , заплови во брачните води, а по тој голем и значаен повод во животот, со саканиот Михаил направија свадбена церемонија поразлична од сите останати.

Познато е дека поп-пејачката кога станува збор за приватноста, не толку често сака да ја изнесува во јавност, но овојпат за уште еден убав повод направи преседан, па на својот профил на Инстаграм и ги изненади обожавателите со фотографија од сестра си Сандра.

Имено, причината за оваа неочекувана објава, беше роденденот на Сандра, а Каролина за својата сакана сестра напиша специјална роденденска порака која посака да ја прочитаат сите.

-Денес уште еден повод за радост и среќа, на мојата „мала“ сестричка роденден, напиша таа во описот на фотографијата каде Сандра позира во елегантно свадбарско издание од сатенски фустан со огромен шлиц.

Извор:Вистина.мк

Прегледи:
531
Објавено на:
03.10.2017