Празниците се време за љубов, време да се поминат убави моменти со семејството, создавање моменти кои ќе траат вечно.
Многумина убавите празнични денови ги користат да ја побараат раката на својата сакана, да започнат ново животно поглавје со нив. Љубовта треба да се слави, заедно со најблиските да се прослави новиот почеток, а приказната да биде совршена треба да го имате идеалниот локал за тоа.
Ресторанот Аликас ви нуди бајка. Аликас ги спојува модерното, отменото, луксузот и природата! Ресторанот „Аликас“ зад чие значење стои зборот „извор“ е местото каде извира вашата љубов, слога…вашата среќа.
Аликас е ресторан за зимски и летни свадби, кој се наоѓа на 5 километри од центарот на Скопје, во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2 и е со капацитет од 250 до 400 гости.
На зеленилото е превидено да се прават свадби и прослави под отворено небо, нудејќи посебно доживување во топлите летни вечери под звезденото небо.
Исто така е организирано одржување на матично во романтична атмосфера, со вашите најблиски, со погледите на оние кои ве сакаат – чекаат на вашето животно ДА!
Модерен амбиент од цврста градба, со сала за свечености предвидена за летни и зимски свадби, во летниот период се отвара и се прилагодува за топлите летни денови, а зиме е затворена, со стаклена фасада, нудејќи необичен и елегантен амбиент.
Просторот е опремен со посебна технологија за одржување на температурата, па така истиот е пријатен во било кое годишно време, преку подното ладење и греење.
Елегантен и модерен амбиент, создаден по сите светски стандари со цел вашата свадбена прослава да биде една бајковита приказна која сите ќе ја паметат и менија коишто содржат уникатни јадења, а кои ќе ви овозможат незаборавно гастрономско уживање.
Тимот на Аликас е тука да се погрижи да имате совршен ден, нудејќи гратис услуги како професионално осветлување и украсување, организирање на матично во елегантниот двор на ресторанот, како и хостеси за пречек на вашите гости. Со што на вас останува само да уживате во вашиот посебен ден.
Повеќе информации на:
Фејсбук: https://www.facebook.com/allikasmk/
Инстаграм: https://www.instagram.com/allikas_skopje/