Повеќето од нас сијаличките ги ставаат на елката така што почнуваат од врвот и потоа хоризонтално ги вртиме до дното на елката, во кругови. Меѓутоа, постои подобар начин, со чија помош елката ќе изгледа побогато.
Дизајнерот Франческо Билото тврди дека е подобро сијаличките да ги ставате вертикално на елката, отколку онака како што прават поголемиот дел од луѓето. „На овој начин секој врв на гранките ќе свети“, вели Билото, па елката ќе делува раскошно, а ќе го спречите и заплеткувањето на сијаличките меѓу гранките кои и онака ги прекриваат.
Билото советува да почнете од врвот и тоа со оној крај од сијаличките кој не се вклучува во струја, а потоа полека спуштајте ги кон дното на елката. Поместувајте ги кон десно со простор од околу седум-осум центиметри спуштете го другиот ред сијалички низ елката.
Тој советува и да ги ставате најсветкавите лампиони најдлабоко во елката бидејќи светлото од сијаличките ќе се рефлектира на нив и ќе изгледа прекрасно.
Уште една предност на ваквиот начин на редење на лампионите е тоа што кога ќе сакате да ги извадите, полесно ќе го направите тоа бидејќи кога се поставени вертикално не се заплеткани на гранките.