Категории

ЌЕ ПАТУВАТЕ? 10 МИТОВИ ЗА ПАТУВАЊАТА КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ!

Airplane

Патувањата можат да бидат незаборавни искуства. Меѓутоа, наспроти тоа што светот станува се „помал“, стравот од непознатото е заеднички за сите луѓе. Полу-вистини кои се наменети да се направи патувањето повозбудливо, а дестинацијата поопасна, од нас се прифаќаат како сосема точни. Ви ги претставуваме 10 вообичаени патувачки приказни на кои треба да гледате со “резерва”. 

Додека некои се засноваат на вистини (на кои е секако додадено драма)  други се чиста глупост. Сега, да ги побиеме 10-те патнички митови.

 Вклучен мобилен ќе го сруши авионот

Постои страв дека мобилниот телефон ќе се замеша во работата на пилотските инструменти, што би можелло да предизвика несреќа. Иако во ова тврдење сеуште се верува, студија на американските Сојузни авијатичарски администрации оваа теорија не можат да ја докажат. Наспроти тоа, многу авио-превозници дозволуваат употреба на мобилни телефони.

Мит? Веројатно.

Џет лег се појавува поради недостаток на сон

Ова е класичен мит. Сите патници кои патувале со саати го имаат искусено џет лег. Брзото менување на временските зони за организмот е прилично вознемирувачко и затоа често се поистоветува со умор. Вистината е дека џет лег има малку врска со тоа колку ќе спиете во авионот. Тој е поврзан со биолошкиот часовник кое телото го користи да го регулира апетитот, телесната температура и крвниот притисок.

 Таблети од маларија не ве штитат од неа

Поголемиот број на лекови против маларија ефикасно делуваат во 85-100% од случаите. Тие ја намалуваат можноста да се разболите, но не ве штитат во потполност од неа. Истото важи и за сувата сезона, за која важи дека во текот на неа комарците не се активни.

Не се потпирајте само на таблетите – особено маларијата може да биде резистентна на многу од нив.

 Со резервација однапред  заштедувате пари

Ова делумно е точно. Картите воглавно се поефтини во месеците пред летот отколку непосредно пред него. Ако имате време да ги пратите цените и понудите на дестинациите, повеќе ќе ви се исплати опцијата „last minute“. Оваа стратегија е ризична и ќе ви биде потребна среќа, но ризикот може да се исплати.

 „Last minute“ летовите се најефтини

Да, погоре кажавме дека подобро ќе поминете со овие летови отколку со оние резервирани однапред, но… Ако авио-превозникот сака да го пополни преостанатото место, тој значајно ќе ја спушти цената, но кога се работи за популарни дестинации, колку подоцна ќе резервирате карта поскапо ќе ја платите. Тоа е едноставно прашање на понуда и побарувачка. Што помалку седишта останат, авио-компанијата поскапо ќе ги наплати.

solo-traveling-alone-but-not-lonely-1

 Во странство ќе ве ограбат

Уште еден мит, едно доста често убедување бидејќи другите места се поопасни од нашиот град. Но реалноста воглавно е поинаква. Многу странски земји имаат стапка на криминал многу пониска од местата кои ги нарекуваме „дома“. Криминалците, нормално, ја бараат својата жртва, а туристите тоа и се. Но крадци има насекаде, па зошто да не ве ограбат и на улица, баш пред да си влезете дома, м?

 Излетите не пружаат автентично доживување

Некои туристи повеќе сакаат да посетат некои места во сопствена организација кога одат на одмор. Меѓутоа, добро организирана агенција со образувани водичи можат да ви овозможат подобро доживување. Тој може да ве научи на нешто што не сте го знаеле и да ви покаже места кои можеби вие самите би ги пропуштиле. Секако, доколку сакате да се запознаете со местото во кое одите, а доколку сакате да се запознаете подобро со личноста која одите, не ви треба водич.

Курсот е подобар дома

Лесно е еда се претпостави дека курсевите во менувачниците се поповолни дома, но тоа баш и не е точно. Кога во странство ги менувате парите можете да пронајдете поповолни ако користите специјални банковни сметки или кредитни картички кои не наплаќаат провизија. Тоа е најдобро решение.

Во странство мора да се ценкате

Точно е дека на многу дестинации и во многу култури ова се очекува. Некаде, кога ќе здогледаат турист, локалците ја зголемуваат цената обидувајќи се да искористат некој кој не ја знае вистинската вредност на предметот. Ако подобро размислите, здравиот разум ќе ве наведе да дознаете кога ве лажат. Дали навистина е важно дали ќе платите евро повеќе за нешто? И само затоа што можете да се ценкате, не значи дека тоа треба да го правите.

Сите разбираат англиски

Англискиот јазик е најраспространетиот јазик на светот, но не го зборуваат сите. Некои места немаат услови за учење на овој јазик, додека други форсираат национален идентитет и култура па сопствениот народ не го изложуваат на преголема мера на овој јазик. Последните истражувања покажуваат дека англискиот јазик го разбираат 1,8 милијарди на луѓе, што е „само“ третина од светската популација. Компрендо?

Прегледи:
447
Објавено на:
22.06.2016