Категории

Ќе ви го разубави денот – Фотографија на овца после бањање го воодушеви целиот свет

Кафичот Thanks Nature Caffe е отворен во 2011 година во Јужна Кореја, а неодамна стана тема на многу светски медиуми.

За таа негова популарност е заслужно едно од неговите слатки животни. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа една валкана овца, која по капењето станува бело топче волна.

Фотографијата доби многу лајкови и споделувања од луѓе од целиот свет, а благодарение на Thanks Nature Caffe стана многу попопуларна.
„Не знам како ја стекнавме популарноста, досега не посетија луѓе од целиот свет. „Некои од нив беа од Нов Зеланд, Саудиска Арабија, Македонија и земји за кои никогаш не сум чул“, изјави сопственикот на кафулето Ли Кванг-хо.

Прегледи:
907
Објавено на:
24.03.2021