Новата амбасадорка на брендот Longchamp, Кендал Џенер сосема очекувано се појави на одбележувањето на 70. јубилеј во Париз. Забавата за прославата на јубилејот се одвивала во Опера Гарниер, а 22-годишната манекенка се облекла сосема соодветно за свечената пригода.
Прекрасниот долг црн фустан на неа изгледа префинето и свечено. Проѕирниот материјал во потполност ги открива нејзините гради. Бидејќи за вкусовите не се зборува, оставаме на вас да ги погледнете фотографиите и сами да донесете заклучок за нејзиниот моден избор.