Категории

Кијану Ривс – „Животот живејте го денес, не бидете како зомбија“

„Никој со никого не се смее, никој не застанува за миг да и се восхитува на природата.. Секој се грижи за сопствените проблеми и се стреми да исполни што повеќе задачи, како во низа..“

Кога ќе излезете на улица, веднаш ќе забележите дека секој оди по својот пат, никој со никого не разговара, сите чекорат механички по улиците, со слушалките во ушите, во свој свет и во своја музика.

Никој со никого не се смее, никој не застанува за миг да и се восхитува на природата.
А ова го забележал и славниот актер Кијану Ривс.
Тоа толку го погодило што решил да се обрати на социјалните мрежи со надеж дека ќе допре до свеста на луѓето.

„Ги гледате овие луѓе позади мене?
Тие брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо.
Понекогаш сме толку посветени на секојдневието, што забораваме да издвоиме време да уживаме во убавините на животот.
Како да сме зомбија.

Завртете се и извадете ги слушалките од ушите. Кажете некому „Здраво“, прегрнете некој кој изгледа како да пати.
Помогнете некому.
Морате да живеете секој ден како да ви е последен. Она што луѓето не го знаат за мене е дека претходните неколку години бев во депресија. Никому не зборував за тоа.
Морав да најдам пат да се излечам од депресијата. Личноста која спречуваше да бидам среќен бев ЈАС.
Секој ден е посебен и така треба да го доживувате.
Утре не е гаранција, живејте денес.“