Категории

Ким Кардашијан јавно призна дека консумирала дрога! Погледнете во кои ситуации!

Најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан прв пат јавно признала дека како млада уживала во опијати, па објаснила дека во таква состојба се омажила и снимила порно-филм.

Во текот на сезната на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ Ким открила шокантни детали од својот живот, животот на нејзината сестра Кендал како и поранешното момче на Кортни, Скот.

Прв пат кога земав екстаза, се омажив. Втор пат кога земав снимив порно-филм. Само лоши работи ми се случуваа, рекла Ким.

Беше дрогирана кога се снимаше? – ја прашал Скот.

Скроз, се гледа по вилицата која ми се тресеше – одговорила Ким и ја шокирала јавноста.

Таа прв пат се омажи за Дејмон Томас во 2000. година од кого се развела после 4 години. Нејзиниот порно-филм се појави во 2007. година, а снимен е 4 години претходно. Ким сега е во брак со раперот Кание Вест (од 2014), а популарниот пар има и три деца: ќерките Норт и Чикаго и синот Сеинт.