Во Гијант, Кина ќе биде отворен голем парк со виртуеллна реалност. Името на паркот е „Источна долина на наука и фантазија“ (East Valley of Science and Fantasy).
На сликите кои излегоа на интернет, се забележува дека во паркот доминира статуа од робот. Сепак, можеби најинтересниот дел од паркот ќе бидат салите за виртуелна реалност.
Паркот е дизајниран за да изгледа како научно фантастичен свет, кој може да се гледа низ VR филтри. Според најавите, посетителите ќе можат да патуваат во идината, да се борат со змејови, да летаат во вселената и да сретнат вонземјани. Најголем дел од содржините ќе се во виртуелната реалност, дури и Star Wars лудата железница ќе биде во виртуелна реалност.
Во декември ќе бидат отворени само дел од содржините, а останатите ќе бидат додавани подоцна. Изградбата на паркот чини 1.5 милијарди долари.