Категории

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го слави својот 7-ми роденден

Приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“ го слави својот 7-ми роденден, а во своето постоење постави нови стандарди во здравствената грижа.

Вложување во најсовремената технологија за дијагноза и третман, врвен медицински тим и имплементирање нови интервенции се работите кои ја поставија „Аџибадем Систина“ лидер во земјата и регионот.

Потврда за безбедноста и квалитетот на медицинската грижа е добивањето на престижната акредитација од Joint Commission International, со што болницата стана дел од светските центри кои ги применуваат највисоките стандарди во грижата на пациентите. 450.000 регистрирани пациенти изминативе седум години имаа можност да бидат дел од интегрираниот систем и да ги користат услугите на болницата.

Клиничката болница Аџибадем Систина секојдневно  ја исполнува својата визија да биде неприкосновен лидер во здравствениот сектор во регионот. Седум години болницата инвестира во најмодерна технологија и кадар, и е во чекор со последните медицински трендови за лекување на пациентите. Со добивањето на JCI акредитацијата минатата година постигнавме историски напредок во медицината кога станува збор за грижата на пациентите. Денес Аџибадем Систина е болница која ги имплементира светските стандарди за квалитет и безбедност.

Го отворивме првиот приватен ПЕТ центар во регионот, создадовме прв специјализиран центар за третман на пациентите со малигни болести. Инвестиравме во моќниот акцелератор Trilogy, а од изминатата година единствени сме и со апаратот за магнетна резонанца 3 Tesla кој донесе нова ера во дијагностицирањето. Пионери сме и во воведувањето нови ИВФ процедури, минимално инванзивни хируршки интервенции со кои се скратува времетраењето на третманот и времето на заздравување на пациентите.

Горди сме што пациентите ја препознаа нашата визија и што секојдневно ги доверуваат своето здравје и здравјето на своето семејство во рацете на вистински професионалци“, вели проф.  д-р Љупчо Лековски, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Отворање на првата поликлиника

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во отворање на својата прва поликлиника. На површина од преку 500 квадратни метри, новата поликлиника нуди медицински услуги од педијатрија, гинекологија и акушерство, интерна медицина и кардиологија. Поликлиниката „Аџибадем Систина“ располага и со дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е дел од Здравствената групација „Аџибадем“ од Истанбул, Турција. Од 2012 година болницата е дел од мaлезиската групација IHH Healthcare со што високо ја позиционираше Македонија на светската здравствена мапа имплементирајќи ги најсовремените технологии и протоколи во третманот на пациентите.

Прегледи:
984
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
07.04.2017