Категории

Клучни совети за функционирање и продуктивност секој ден

За секојдневно функционирање важен е психичкиот мир и стабилност. Практикувањето на овие совети ќе ви биде од исклучителна корист за да останете присебни и сконцентирани секој ден.

Доколку практикувате медитација, останете фокусирани на она што е најважно – одвојте се од константниот тек на мислите во умот и набљудувајте се себеси. Без оглед на формата на медитацијата која ја практикувате (седење во тишина и фокусирање на дишењето, повторување на мантрата..) крајниот резултат е унапредување на умот така што ќе ги препознете мислите кои ги имате, не како на задолжителна вистина туку едноставно како на обични мисли на кои нема да им придавате големо значење.

Организациајта ЈАМА Интернал известува дека дури 47% од испитаниците покажале намалена анксиозност, депресија и стрес со секојдневно практикување на медитација.

Главната кочница во процесот на саморазвој и успех е стравот. Со соочувањето на новите деловни и животни предизвици и улогите често сметаме дека од нас се очекува да ги знаеме сите одговори и веднаш да се снајдеме. Сепак, доколку си дозволите на себеси да се опуштите и да побарате помош и поддршка од искусни личности, ќе научите нови нешта и ќе ги пронајдете одговорите и потпората за да стигнете до целта. Прифатете го предизвикот кој го донесува деловната и животната улога но бидете подготвени да прифаќате и совети кои дополнително ќе ја поттикнат вашата креативност.

Еден од најсигурните начини да се запознаете себеси е да и дозволите на вашата личност да исплива на површина така што ќе истапите од зоната на комфорот и ќе превземете ризик. Силата, потенцијалот и храброста се наоѓаат на другата страна од комфорт зоната.

Неправилното спиење во текот на попладнето може да предизвика пореметување на регуларниот сон. Најсоодветен начин за одмор во текот на денот се подразбира на ограничување на краткиот сон. Препорачливо е дневниот одмор да трае од 20 до 45 минути со цел да не западнете во длабок сон а сепак да го обновите нивото на енергија.

Прегледи:
535
Објавено на:
24.06.2020