Категории

Кога човекот ќе го изневерат, повредат, излажат и остават

Знаеш ли што останува од човекот кога сите ќе го изневерат, излажат и повредат? Останува само леш од телото без душа.

Знаеш ли што останува од човекот кога ќе го изневериш, повредиш, излажеш и оставиш? Му останува само празнина таму каде што некогаш биле надежта и љубовта. Знаеш ли што останува од човеко кога сите ќе го изневерат, излажат и повредат? Останува само леш од телот без душа.

И после можеби многу ќе го сакаат, но тој нема. Нема да смее, нема да може, нема да умее да им возврати било какви чувства. После можеби многу ќе му ја зборуваат вистината, но тој нема да ги слуша, нема повеќе да се грижи. Тие нема да разберат но тој знае. Сите порано или подоцна заминуваат, повредуваат, лажат или изневеруваат. Но тој повеќе нема сила да составува и закрпува после тоа. И луѓето зборуваат каков е сега, како не е тука за никого, како никому веќе не му помага како порано.

Со блага насмевка на лицето која повеќе никогаш не ја симнува, тој со тишина одговара дека нему никој не му помогнал кога умирал одвнатре, кога најмногу му требало. Тој одамно не бара помош од никого. Ги одбегнува луѓето одамна. Со никој не сака да зборува. Другарува со тишината, со самотијата кумува.

Еднаш отфрлен, веќе не сака никому да му се допаѓа, никому никогаш повеќе да му припаѓа.

Прегледи:
697
Објавено на:
09.01.2020