Сите наши несреќи, болести, тага, огорченост се резултат на нашите постапки и мисли. Поради тоа забораваме што е важно во животот, се губиме себеси и својот животен баланс.
Еднаш, еден мудрец кажал дека во животот постојат само 3 нешта врз кои е изграден нашиот цел живот.
Бројот 3 има свето значење во речиси сите религии и култури во светот. Ова златно правило за бројот 3 ја открива суштината на вечните вредности, кои пак се суштина на нашиот универзум.
Придржувајте се кон овие правила и животот сигурно ќе ви биде подобар:
Правилото на 3 нешта:
- 3 работи кои никогаш не се враќаат: време, збор, можност.
- 3 работи кои не треба да ги изгубите: смиреност, надеж, чест.
- 3 работи во животот се најдрагоцени: љубов, верба, доверба.
- 3 работи во животот се несигурни: моќ, среќа, богатство.
- 3 работи го дефинираат човекот: работа, искреност, достигнувања.
- 3 работи го уништуваат човекот: вино, гордост, бес.
- 3 работи кои е најтешко да се изговорат: Те сакам; Жал ми е; Помогни ми.
Кога клучот на среќата лежи во вашите раце, не дозволувајте да рѓоса.