Категории

Кога љубовта инспирира: Ова е еден од најкреативните начини на запросување досега!

Запросувањето е еден од највозбудливите моменти и најважните прашања во животот на секоја девојка. Доколку сте доволно креативен и инспириран, секогаш постојат неверојатни идеи и начини да ја запросите саканата личност.

Крис ризикуваше смислувајќи неверојатен начин да ја запроси својата девојка и тоа се исплатеше (иако беше избркан од музејот за уметност во Њујорк).

Шетајќи низ музејот, овој млад пар стигнал до делот каде што се изложени сликите на Пикасо – омилениот уметник на неговата девојка. Помеѓу сите негови прекрасни уметнички дела, таму се наоѓала и една слика која очигледно не е насликана од страна на Пикасо. Всушност, тоа бил цртеж на Крис кој го прикажувал целиот момент на запросување. Додека неговиот брат имал задача да го закачи цртежот таму, Крис се подготвувал за моментот на запросување и кога добил сигнал дека се е подготвено, ја одвел својата девојка во таа просторија од музејот.

Откако ја здогледала неговата девојка сликата, почнала да плаче, сфаќајки дека тоа што е нацртано всушност ќе се случи за некој момент. Низ солзи таа го изговорила судбоносното „Да“.

Прегледи:
1016
Објавено на:
12.06.2018