Категории

ЕМОТИВНО: Кога мајката ќе го чуе донираното срце во градите на друго дете

Малата Џордан го добила срцето на Лукас кога имала само 18 месеци, и благодарение на тоа е сè уште жива… 

Хедер Кларк е жената чијашто незамислива трагедија расплака многумина, но и чие добро дело исто така брзо се прошири на интернет мрежата.

Хедер е мајка на 4-годишното момче Лукас, коешто пред три години почина како последица од повредите коишто му ги нанело момчето на неговата дадилка. Но и покрај сето тоа, неговата мајка била доволно храбра одлучувајќи да ги донира органите на своето дете – за на тој начин да се обиде да спаси нечиј живот.

Видео записот на којшто се прикажува првиот пат кога мајката го слуша срцето на својот син, коешто сега чука во телото на малата Џордан, ги расплака и оние со најтврдо срце.

Џордан го добила срцето на Лукас кога имала само 18 месеци и благодарение на тоа таа е сè уште жива. Освен неа, на таков начин се спасени уште две деца.

https://www.youtube.com/watch?v=ZvbQmC6j8oM

Средбата помеѓу Хедер и малата Џордан била исклучително емотивна, а Хедер имала прилика со стетоскоп да ги слушне отчукувањата на срцето на нејзиниот син, во телото на малото девојче…

Прегледи:
454
Објавено на:
03.02.2016