Здружените соседи се виновниците за ова прекрасно дело. Имено, сјајните сликовити скали се дел од проектот ‘The 16th Avenue Tiled Steps Project‘, општествен проект на граѓаните на Сан Франциско, чија цел е да го разубават своето соседство.
Ова дело е создадено со комбиниран труд на 500 соседи, кои внимателно и плански ги сместија сите мали колоритни плочки на ова скалило и учествуваа и во создавањето на плачките. Мозаикот се состои од животни, птици и риби, распострани така да скалилото да изгледа живописно и колоритно во текот на дено, а ноќе светло и магично.